Фудбал
10. November 2015 - 9:06

Зенга сменет, на негово место Монтела

Раководството на Сампдорија по електронска пошта му додели отказ на тренерот Валтер Зенга и на негово место ќе го ангажира Винченцо Монтела, објавија италијанските медиуми.

 
Отказот на Зенга му е пратен по „мејл“, бидејќи легендарниот голман се наоѓа во приватна посета на Дубаи и наводно бил недостапен за контакт.
 
Се шпекулира дека со Монтела веќе е постигнат договор тој да потпише верност со Самдорија до летото 2017.
 
Останува да се реши оштетата во висина од четири милиони евра која Фиорентина при евентуален прекин на договорот треба да му ја исплати на Монетала. Виолетовите од Фиренца го сменија Монтела во август, но и натаму го исплаќаат според актуелниот договор.
 
Сега тренер на Фиорентина е Паоло Соуса, а токму клубот од Фиренца во неделата ја совлада Сампдорија со 2:0, пораз кој беше решавачки за отказот на Зенга.