Балкан
19. November 2015 - 17:31

Земјотресот во Грција ја уништи најубавата плажа на Лефкада

Земјотрес уништи една од најубавите плажи на светот. Ако сте биле на Лефкада, сигурно сте ја посетиле плажата Егремни, која многупати била прогласена за најубавата плажа во светот. По земјотресот на 17-ти ноември, речиси целосно е уништена. Големите карпи од планината под која се наоѓаше плажата се урнале за време на земјотресот и скоро целосно ја збришале оваа позната туристичка локација на грчкиот остров.