Македонија
8. October 2016 - 9:28

Земјотресот предизвика вознемиреност кај граѓаните

Земјотрес со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван ноќеска во Гевгелија, Струмица и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија,е регистриран во 2 часот и 33 минути со Рихтерова локална магнитуда од 4 со епицентар во Грција.

Вчера во 12 часот и 52 минути земјотрес со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала беше почувствуван во Скопје и околината

Епицентарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околината е почувствуван со интензитет од IV-V според Eвропската макросеизмичка скала