Бизнис
18. August 2017 - 21:48

Земјотресите во Охрид предизвикале штета од милион евра, но не ја загрозиле туистичката сезона

Серијата земјотреси во охридско предизвикаа штети од речиси еден милион евра .

Според извештајот на комисијата за проценка  имало вкупно 854 оштетувања на објекти од прва втора и трета категорија , 11 куќи се ризични за живеење најголемиот дел од нив се во селото Косел и стариот дел на градот.

Главниот туристички центар успешно се справи со земјотресите и покрај тоа што во месец јули имаше пад на туристите моментално Охрид е преполн со гости. Според надлежните иако елементарните непогоди не можат да се предвидат не можат да се предвидат, состојбата анализирана од научен апсект укажува на смирување на тлото во Охрид.

Експертите не очекуваат нови потреси .

Постапката за обештетување ќе трае околу една година .Во јули во охридско се случија околу 1300 земјотреси најсилниот беше регистриран на 3 јули со јачина од 5 степени според рихтер.