Балкан
15. September 2016 - 11:45

Земјотресите не запираат - Балканот се тресеше цела ноќ

 
Балканот се тресе, Македонија мирува. Во текот на ноќта близу 20 потреси со магнитуда над 2 степени беа регистрирани на Балканскиот Полуостров. 
Најсилен беше последниот во Турција, кој имал магнитуда од 3,7 степени според Рихтер. 
Во текот на ноќта во Турција се регистрирани над 15 потреси, а се тресеше тлото и во Црна Гора и Грција.
За среќа, во Македонија земјата мируваше, па граѓаните можеа конечно да поминат една мирна ноќ.