Земјотреси во Албанија попладнево почувствувани во земјава
Два земјотреса со магнитуди од 5.8 и 5.5 степени по Рихтер во период од десетина мунити е случија попладнево во близина на Драч, Албанија, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, а беа почувствувани и во нашата земја.
Првиот земјотрес е регистриран во 16:04 часот по локално време со магнитуда од 5.8 по Рихтер и епицентар во Јадранско Море на длабочина од десет километри, на шест километри од Драч и 34 километри од Тирана. Вториот земјотрес бил во 16:15 со магнитуда од 5.5 по Рихтер со епицентар на длабочина од три километри и на седум километри од Драч.
Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ-Скопје соопшти дека првиот земјотрес, кој е на 190 км југозападно од Скопје, е со Рихтерова магнитуда од 5.6 и беше почувствуван од населението во западните делови од државата со интензитет од IV до V степени, а во останатиот дел со интензитет од III до IV според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е почувствуван и во Црна Гора.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно