Свет
30. November 2019 - 10:32

Земјотреси ширум светот создаваат паника: Потрес од 5 степени во Иран, уште посилен во Гватемала

Земјотрес од 5 степени по Рихтер го погоди западот на иранската провинција Масџед Солејман, а силен потрес од 5,6 степени забележан е во Гватемала, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 47 километри источно од иранскиот град Масџед Солејман, на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за материјална штета ниту за човечките загуби и не е издадено предупредување за цунами.

Иран се наоѓа на две текторнски плочи и земјотресите со голема јачина се честа појава.

Во земјотресот во 2003 година, со магнитуда од 6,6 степени по Рихтер, разрушен е градот Бан, а загинаа околу 26.000 луѓе.

Од друга страна, потрес е забележан и во близина на брегот на Гватемала, а епицентарот бил на длабочина од 41 километар.