Македонија
30. August 2018 - 8:50

Земјотрес во Струмица

Земјотрес со магнитуда од три степени и епицентар кој потекнува од струмичкото подрачје е регистриран ноќеска во 02:10 часот.
 
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека епицентарот бил на 125 километри југоисточно од Скопје. 
 
Земјотресот е почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.