Балкан
30. July 2015 - 8:43

Земјотрес во јужна Турција со интензитет од 5,2 по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 5,2 степена предизвика паника во јужна Турција. Според првични информации нема жртви ниту материјална штета.

Потресот бил регистриран крај брегот на на округот Мерсин. Почувствуван бил и од жители на голем број окрузи во јужното крајбрежје на Турција и многумина од жителите ноќта ја минале на отворено. Епицентарот бил во Мерсинскиот Залив.

Потресот бил почувувствуван во окрузите Адана, Мерсин и Газиантеп.