Македонија
14. October 2017 - 17:28

Земјотрес во Грција од 4,2 по Рихтер ги вознемири жителите на Битола, Ресен и Охрид

Денеска во 11 часот и 55 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри јужно од Скопје, во соседна Грција. Земјотресот  со  магнитуда од 4,2 степени по Рихтер, беше почувствуван во југозападниот дел од земјава и тоа, во Битола и околината со интензитет од 4 степени според европската макросеизмичка скала на длабочина од 5 километри.
                                               
Денешниот земјотрес, според првичните информации, не предизвикал никакви материјални оштетувања во Битола, а додека во Ресен и Охрид, овој земјотрес бил почувствуван со нешто послаб интензитет, односно бил од трет степени според истата скала, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.