Балкан
13. September 2016 - 10:21

Земјотрес утрово и во Бугарија

Земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтер е регистриран во 7.32 часот утринава крај Дријаново во Бугарија, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
 
Епицентарот бил на 2 километри јужно од местото, 15 километри североисточно од Габрово и 171 километри јужно од Букурешт. Земјотресот бил со длабочина од 2 километри.