Свет
10. јуни 2016 - 8:34

Земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди Никарагва

Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска  ја погоди Никарагва. 

Силниот земјотрес се случил во северозападниот дел на земјата и бил почувствуван во главниот град на Никарагва, Манагва и во соседен Хондурас.

Нема податоци за жртви при земјотресот, а засега има информации само за оштетување на една црквата. 

Епицентарот на земјотресот бил на 25 километри од градот Ел Виехо, на длабочина од 10 километри. 

Регистриран е и втор земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала.