Свет
21. May 2017 - 9:17

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди југозападниот дел на Мексико. 

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 52 километри северозападно од Синталапе, соопшти Американскиот геолошки завод. 

Мексиканското Министерство за внатешни работи наведе дека нема податоци за повредени лица или материјални штети.