Балкан
14. April 2021 - 8:26

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на грчкиот остров Кос

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени вчера вечер беше регистриран во близина на грчките острови Нисирос и Кос, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил во морскиот дел меѓу островите што се во близина на турското крајбрежје.

Засега, нема информации за повредени или причинета материјална штета.