Свет
2. January 2017 - 11:34

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Италија

Централниот дел на Италија беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала. 

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 30 километри од местото Малтињано, на околу 100 киломeтри од Рим. 

Земјотресот се случил синоќа на длабочина од 10 киломатри. 

Засега нема податоци за жртви или материјална штета.