Македонија
18. October 2021 - 8:31

Земјотрес почувствуван во северозападните делови на Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерта на 17 октомври во 22 часот и 13 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 147 km западно од Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4,8 а беше почувствуван од населението, особено во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.