Македонија
1. September 2020 - 14:01

Земјотрес почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион

Земјотрес со средна јачина денеска околу 13:30 часот почувствуван во Пијанечко-малешевскиот регион. Граѓани јавуваат дека истиот бил краткотраен, но се почувствувал и предизвикал мала паника неѓу населението.

– Отприлика 7,8 секунди траеше потресот и како стоев на земја како да ме подигна од земја. Истиот го почувствуваа сите вработени по што излеговме надвор од фабриката, вели жител на село Разловци.
 
Земјотресот го потврдија и жители на Пехчево кои истакнаа дека по ударот забележале повеќе граѓани надвор од своите домови.
 
Според неофицијални податоци земјотресот е регистриран на околу 10 километри од Берово каде исто така предизвикал немир меѓу населението.