Свет
22. January 2017 - 9:46

Земјотрес од 8 степени по Рихтер ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од осум степени по Рихтеровата скала беше регистриран на островот Бугенвил во Папуа Нова Гвинеја.

Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами соопшти дека се можни големи бранови во следните три часа на бреговите на Папуа Нова Гвинеја, Соломонските Острови, Науру, Пнпеј, Кошрај, Вануату, Трук и Индонезија. Епицентарот бил на 39 км западно од градот Арава каде живеат околу 40.000 луѓе.