Свет
2. August 2019 - 8:29

Земјотрес од 6,8 по Рихтер го погоди централниот дел од Чиле

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди централниот дел на Чиле и засега нема информации за жртви или материјална штета.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 95 километри северозападно од градот Сан Антонио, во регионот Валпаиизо.

Земјотресот  се почувствувал низ централно Чиле.