Балкан
11. January 2022 - 8:36

Земјотрес од 6,4 по Рихтер регистриран до брегот на Кипар

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска брегот на Кипар, се наведува во соопштението на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри во Средоземното Море, а бил почувствуван во Турција, Египет и Израел.
Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Во сила е предупредувањето за цунами.