Свет
8. March 2016 - 8:22

Земјотрес од 6,2 по Рихтер регистриран во близина на островите Самоа

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена по Рихтеровата скала беше регистриран денеска југозападно од островите Самоа во Тихиот Океан.

Според Геофизичкиот институт на САД, епицентарот на потресот беше на околу 200 км. Југозападно од главниот град Апија. Нема засега информации за жртви или материјална штета.