Македонија
22. April 2022 - 23:51

Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер во БиХ, почувствуван во Скопје, Гостивар и Тетово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 km северозападно од Скопје кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар. 

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7, а беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала,