Свет
21. February 2020 - 8:19

Земјотрес од 5,1 степени го погоди Мексико

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени по Рихтер ја погоди мексиканската држава Гереро што се наоѓа во југозападниот дел на земјата.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени. Земјотресот беше почувствуван и во делови од Мексико Сити.

Земјотресот е регистриран на 19 километри северно од градот Атајак де Алварес, на длабочина од 10 километри, соопшти мексиканската сеизмолошка служба.