Свет
9. December 2019 - 9:09

Земјотрес од 4,8 по Рихтер ја погоди околината на Фиренца

Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди околината на Фиренца во северна Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран во 04:37 часот, на 26 километри северно од Фиренца на длабочина од околу девет километри.

Иако граѓаните почувствуваа потрес, нема повредени или сериозна материјална штета, јавија италијански медиуми.

Училиштата се затворени во Вернио, провинција Прато, а општинските власти наредија проверка за евентуална штета на зградите.