Балкан
15. October 2018 - 20:43

Земјотрес на Халкидики, се затресе до Солун

На полуостровот Халкидики на северот од Грција денеска околу пладне забележан е земјотрес со јачина од четири степени по Рихтерова скала.

АНА пренесува дека според податоците на сеизмолошката станица на Аристотеловиот универзитоет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри и северозападно од градот Арнаја.

Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во блискиот Солун.