Балкан
26. December 2015 - 13:45

Земјотрес на грчкиот остров Карпатос

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во реонот на грчкиот остров Карпатос.

Како што соопшти Атинскиот сеизмолошки институт, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под дното на Егејското Море, со епицентар во близина на Карпатос. 

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Потресот бил почувствуван на поглемиот број острови од архипелагот Додеканези.