Балкан
4. January 2018 - 8:39

Земјотрес јужно од Крит

Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистиран минатата ноќ јужно од грчкиот остров Крит. 

Според Атинскиот институт за геодинамика, епицентарот на потресот бил во Средозменото Море на 42 километри јужно од бреговите на Крит и на 377 километри југоисточно од Атина. 

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети при земјотресот.