Македонија
16. November 2017 - 12:34

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес од 3,5 степени според Рихтеровата скала предмалку ја стресе Македонија.

Како што соопшти Европско медитеранската сеизмолошка служба, земјотресот е почувствуван во 11:45 часот.

Епицентарот на земјотресот е 74 километри од Скопје, односно на 9 километри од Ростуша.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.