Свет
13. November 2017 - 10:37

Земјотрес ја погоди Костарика

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени денеска ја погоди средно-американската држава Костарика.

Епицентарот бил на западниот, пацифички брег на државата, 16 километри југоисточно од летувалиштето Хако, а потресите се почувствувале и во главниот град Сан Хозе.

Министерството за внатрешни работи на Костарика соопшто дека две лица починале од инфаркт, веројатно предизвикан од страв од потресот.