Македонија
2. February 2018 - 15:27

Земјотрес го стресе Скопје

По утринскиот послаб земјотрес во 8 часот, пред неколку минути посилен земјотрес го стресе Скопје.

Засега нема информации за јачината на земјотресот.

Претходно, земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 08:03 часот во скопското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот, според Европсккиот-медитерански сеизмолошки центар бил на шест километри источно од Скопје, на длабочина од четири километри.

Наскоро повеќе информации…