Македонија
20. September 2017 - 10:43

Земјотрес го стресе Охрид

Земјотрес со јачина од 2.7 степени според Рихтер утринава во 8.50 часот е регистриран во Охрид.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 9 километри источно од Охрид на длабочина од два километри.