Македонија
12. September 2016 - 21:05

Земјотрес додека се снимаше „Се или нешто“, Лила ја смируваше публика

Вечерва додека се снимаше новата сезона од култниот квиз на ТВ Сител „Се или нешто“ се случи земјотресот кој точно во 19.53 часот го погоди Скопје.

Благодарение на професионалзимот на водителката Лила Филиповски не настана паника во студиото, и ниту учесниците ниту публиката не станаа од своите места, постапувајќи според препораките од сеизмолозите дека во вакви ситуации треба да се остане смирен додека трае потресот.

Квизот по земјотресот продолжи да се снима без никакви проблеми.