Бизнис
11. December 2018 - 21:46

Земјоделките се соочуваат со диксриминација при аплицирање на некои од субвенциите

Само жените земјоделки кои имаат до 40 години  се мажени, имаат родено, живеат во средина со 200 жители на надморска височина од 700 метри можат да аплицираат за дел од средствата од  националната програма за рурален развој. Останатите немаат право.  Според нив ваквите критериуми се дискриминирачки. Велат дека тоа треба да се промени и сите  жени од руралните средини да имаат еднакви права.

Од минисетртвото за земјоделство велат дека критериумот кој е според за жените земјоделки  ќе биде изменет.  

Со цел Министертвото за земјоделство да излезе во пресрет на барањата на жените земјоделки критериумот ќе биде предмет на ревизија и во соработка со релевантните страни ќе се промени и ќе биде дефиниран согласно начелата за родова еднаквост, се вели во дописот на минисетртвото за земјоделство.

Жените земјоделски се жалат дека  воопшто не можат да аплциираат ниту  за европските пари, од ИПАРД фондовите. Тие немаат сопствен имот затоа што според традицјата во руралните средини земјата не ја наследува жената, а тоа е  еден од критериумите за да можат да поднесат барање за овие  средства.  Се жалат и дека  се соочуват со потешкотии во остварувањето на правото за пензија и дека не можат да користат породилно отсуство.

Од министертвото за труд пак  го тврдат спротивното -  велат  тие како и сите други осигуреници имаат право на пензија ако  си ги плаќаат придонеси. 

Во однос на острарување на право на пензија земјоделците од 1994 година се изедначени со осигурениците од работен однос . Им се врши пример  во задолжително пензиско и инвалидско осигурување и плаќаат придонес на пониски основици од останатите категории работници. Ако ги плаќжаат придонесите  остравсувата право на пензија со навршени 64 години  за мажи и 62 за жени  како и најмалку 15 години  стаж, се вели во дописот од министертвото за труд и социјала.

Поразиотелни се и податоците кои покажуваат  дека 3 од 4 жени се неплатени во руралните средини . 64 отсто од нив не се вклучени на пазарот на трудот.  А стапката на невработеност е најголема кај младите рурални жени.