Македонија
7. March 2016 - 16:55
Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите
Околу 400 жители на село Град на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски изразија благодарност за субвенициите коишто ги имаат добиено за помош во овоштарството и сточарството како главни гранки со коишто се занимаваат.
Изразија благодарност и за проектот рурален доктор во рамки на кој секој понеделник ги посетува во Делчево лекарски тим, а по потреба и патронажна сестра. Како единствен проблем со кој се соочуваат го посочија откупот на млекото.
- Планираме на повеќе места и локации за откуп на дистрибутивни центри. И тука во близина на Делчево ќе понудиме на инвеститор локација за да се создаде конкуренција за откуп на земјоделски производи, а може и за млекара ако има заинтересиран, рече меѓу другото Груевски.
-->
-->