Бизнис
14. October 2017 - 16:44

Земјоделците од струмичко и радовишко со нови агротехнички мерки ќе ја намалуваат примената на хемикалии

Земјоделците од струмичко радовишкиот регион преку нови мерки и методи ќе ја намалуваат примената на агрохемикалии во водата за наводнување и ќе го подобруваат нивното производство. Новите методи ќе бидат применети  во рамки на проектот за управување со сливот на река Струмица финансиран  од Швајцарската агенција за развој и соработка која  го објави вториот повик за доделување грантви за спроведување на агроеколошките мерки. За таа цел од ноември годинава па се до феруари следната година ќе бидат реализирани обуки за земјоделците, а најдобрите учесници ќе добијат поддршка во опрема и материјали во износ од 300.000 денари.

,,Се имплементираат мерки кои ќе го подобрат земјоделското производство, а ќе ги намалат штетните влијанија врз животната средина. За таа цел се објавува и вториот повик.,, вели Данче Поп Иванова – центар за развој  на ЈИ регион

Првиот циклус на обуките преку кои  30 земјоделци од шест општини од југоистокот  добија грантови беше реализиран минатата година.  Благодарение на истиот биле постигнати бројни позитивни ефекти за производителите.

,,Имаме зголемување на квлитетот на производството, а намалување на трошоците кај производителите. Исто така се намалува и количината на ѓубрето кое што се фрла со примена на оваа опрема со што се намалува и штетното влијание врз животната средина.,, вели Поп Иванова

Проектот за управување со сливот на река Струмица го спроведува Центарот за Развој на Југоисточниот плански регион во партнерство УНДП и финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Неговата основна цел е воведување сеопфатни мерки со кои значително ќе се подобри еколошкиот статус на водните тела и на целокупното сливно подрачје.