Бизнис
26. April 2017 - 19:41

Земјоделците од Прилепско можат да ги пријавуваат штетите од мразот

Почнувајќи од денеска, во наредните 15 дена, ќе трае рокот за пријавување на штетите кои прилепските земјоделци ги претрпеа од неодамнешниот пролетен мраз. Во прилепско, мразот, во целост  го уништи  тутунскиот расад кој бил на отворено или пак бил недоволно покриен и заштитен со полиетиленско платно, но забележани се штети и на тутунот кој бил во поодминат раст. Извесни оштетувања регистрирани  се и во Тројачката котлина каде има лозови насади, а стопроцентни штети имаат претрпено оревите, засаедни на надморска височина под 1000 метри. 
 
Според информациите од ПЕ за земјоделство, во прилепско, засега, штети не се регистрирани, а ниту пак се пријавени единствено кај житните култури.