Бизнис
9. May 2016 - 20:08

Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции. рокот истекува на 30.06

Најдоцна до 30 јуни земјоделците може да аплицираат за субвенции, а за првпат барањата може да ги пополнат и по електронски пат.

За полесен пристап до овие средства воспоставен е електронски систем со кој земјоделците можат да заштеда повеќе часови кои обично ги минуваат во подрачните единици на министерството за земјоделство.

Согласно програмата за финансиска поддршка за земјоделството право на аплицирање во предвидениот рок имаат земјоделците кои се занимаваат со растително производство како и со сточарство односно со одгледување на говеда, овци, кози, свињи, живина и пчели.

Државата за годинава издвојува 140 милиони евра за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Од владата очекуваат над 80 илјади барања за субвенции.