Бизнис
10. January 2019 - 19:33

Земјоделците имаат уште две недели да аплицираат за европските пари

Земјоделците да побрзаат во аплицирањето за пари од ИПАРД. При крај се роковите за двата огласи за преработувачката индустрија и за фармерите. Земјоделците на располагање имаат вкупно 25 милиони евра за двата повика.

Рокот за мерката за преработувачките капацитети е до 29 јануари. Рокот за мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделските стопанства е до 9 февруари. Со можност оваа мерка да биде продолжена уште 15 дена, изјави министерот за земјолдество, Љупчо Николовски.

Од Платежна агенција очекуваат дека сите пари ќе бидат искористени.

-Нашите стопнаственици, пред се од агросекторот и нашите земјоделци ќе ги искористат. Средствата во мерката „3“ и во мерката „1“ кои се на располагање ќе придонесат да се осовремени пред се земјоделското производство, рече Бабовски.

Во првиот повик потпишани се над 900 договори, а искористени се рекордни 18 милиони евра. Во март ќе бидат пуштени повици за уште три мерки.