-->
-->
Земјоделците имаат уште два дена да пријават промени во стопанствата
-->
Земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце да пријават тековни промени во земјоделските стопанства до 15 март, апелираат од Подрачната канцеларија на Агенцијата за потикнување и развој на земјоделството во Крива Паланка.
Според советникот во канцеларијата, рокот за пријава на промените кои се направени во стопанствата истекува за два дена. - Уште два дена остануваат за пријава на сите промени во земјоделските стопанства кои мора да се евидентираат и пријават. Доколку има зголемен или намален број парцели кои се засеваат или засадуваат, како и други промени, за да можат да аплицираат на претстојните повици за директни плаќања на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, рече Влатко Ристовски, советник во подрачна канцеларија на АФПРЗ.
Рече, пријавувањето на промени сопствениците на земјоделски стопанства се врши во Подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна