Бизнис
18. јуни 2018 - 19:41

Земјоделците бараат начини да се заштитат од климатските промени

Климатските промени се повеќе се одразуваат врз земјоделското производство.  Земјоделците велат има периоди кога само за 24 часа се јавува разлика во температурата и до 20  степени, а сето тоа им прави сериозни проблеми, пред се  во растителното  производството.  Наглите промени во времето веќе почнале да влијаат на квалитетот, а посебно  евидентно било  намалувањето на  приносите.

,,  Во голем дел од одгелдувањето на земјоделските култури драстично е намалувањето на висината на приносите по единица површина, а пред се тоа се должи на наглите климатски фактори.,, вели РИСТО ВЕЛКОВ – СОЈУЗ СИНДИКАТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ

,, Тоа се одразува , овие температури каде понекогаш имаме големи осцилации на дневната и ноќната температура,  тоа придонесува да немаме квалитет.,, вели ДРАГИ ПАМУКОВ – ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА ВЕГЕ ФРЕШ

Засега земјоделците немаат некое конкретно решение за надминување на ваквата состојба. Велат ги следат советите на стручните лица и започнале со адаптација на производство. Но,  доколку продолжат ваквите промени на времето веројатно ќе бидат принудени  да ги сменат културите и да преминат на некој друг вид производство, поотпорно на наглите климатски промени.