Loading Video...
Свет
17. November 2020 - 18:22

Земјите во регионот и Европа ги заоструваат антиковид мерките

Земјите во регионот и Европа ги заоструваат  антиковид мерките. Во Србија од вечерва до 1-ви декември во период од 21 часот до 5 часот наутро нема да работи ништо, освен аптеките, бензинските пумпи и угостителските објекти што доставуваат храна. Според епидемиолозите, денес ќе има најголем број новозоразени од почетокот на здравствената криза. Словенија ја продолжи вонредната состојба до 17-ти декември, а во Австрија е во сила ново затворање од полноќ, со ограничување на движењето во текот на целиот ден. И Шведска почна да отстапува од благите мерки и да го стега обрачот во борбата против корона вирусот. Премиерот со порака до граѓаните. 

Не одете во спортски сали, не одете во библиотеки, не организирајте вечери. Откажете, порача шведскиот премиер Стефан Лофвен.

Забрана на собири на повеќе од 8 луѓе е една од мерките. Пред точно една година беше регистриран првиот случај на Ковид-19 кај 55 годишен маж од кинеската провинција Хубеи.  Од тогаш бројот на заразени во светот надмина 55 милиони а починаа над 1.300.000 луѓе. Во моментов најмногу заразени има во САД, Индија, Бразил, Франција и Русија. 

Доналд Трамп минатата недела разгедувал опции за напад врз главниот ирански нуклеарен погон, обајви Њујорк  Тајмс, повикувајки се на 4 сегашни и поранешни американски фукционери. Советниците успеаја да го наговорат  претседателот да се откаже од таквиот чекор, цитирани се функционерите. Трамп власта треба да му ја предаде на Џо Бајден на 20-ти јануари. 

Ураганот Ајота го пустоши крајбрежјето на Централна Америка.  Ветерот достигнува брзина и од 250 км на час.  Околу 40 000 луѓе во Никарагва и над 80 000 луѓе во Хондурас се евакуирани.