Бизнис
16. November 2021 - 8:51

Земјите-членки на ЕУ го договорија буџетот за 2022 година

Преговарачите од Европскиот парламент и од владите на земјите-членки на Европска Унија го договорија буџетот за следната година, јави ДПА.

Разговорите продолжија доцна во ноќта. Буџетот за 2022 година ќе биде околу 169,5 милијарди евра.

Голем дел од сумата за следната година ќе биде искористена за поддршка на земјоделците и релативно сиромашните региони во земјите-членки.

Една од спорните точки за време на преговорите беше барањето на ЕП за повеќе од 300 нови вработени. Земјите-членки првично оценија дека нема потреба од овој дополнителен персонал, но на крајот барањето на ЕП беше одобрено.

Друго фундаментално прашање беше колку пари треба да има на располагање во буџетот за следната година. ЕП дојде на преговори со барање за буџет од 171,8 милијарди евра. Земјите-членки побараа 167,7 милијарди. На крајот беше постигнат компромис.