Свет
24. August 2016 - 14:20

Земјата се тресе: По Италија, силен земјотрес го погоди Мјанмар

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во централниот дел на Мјанмар.

Според американскиот Геолошки завод, епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри западно од градот Чаук.

Епиценатарот бил на релативно голема длабочина од 84 километри, а таквите длабоки земјотреси обично не предизвикуваат голема штета на површината.

Земјотресот бил почувствуван и на оддалеченост од неколку стотици километри, во главниот град на Тајланд, Бангкок.