Свет
2. October 2018 - 10:12

Земјата не се смирува: Силни потреси повторно ја погодија Индонезија, по страотното цунами нова катастрофа

Два земјотреси, со магнитуди од 5,9 и 6 степени, го погодија утрово подрачјето близу индонезискиот остров Сумба, на југот од земјата, соопшти американската геолошка агенција.

До првиот потрес дошло минута пред полноќ по средноевропско време, на длабочина од 10 километри и околу 40 километри од островот Сумба каде живеат 750.000 луѓе.

Вториот, малку посилен земјотрес се случил 15 минути подоцна во истото подрачје, на длабочина од 30 киломери. Сумба се наоѓа на 1.600 километри јужно од Сулавеси, каде во ударот на земјотрес и цунами во петокот животот го загубија најмалку 844 лица.