Земан до бегалците: Никој не ве повика во нашата земја
Чешкиот претседател Милош Земан им упати порака на бегалците на чешка територија дека никој не ги поканил во земјата, јави дописникот на МИА од Прага.
- Доколку не ви се допаѓа тоа, одете си, изјави Земан во денешното интервју за порталот „Блеск“.
Тој повтори, дека најдобро на мигрантите може да им се помогне во нивните земји, најверојатно мислејќи на бегалците од Блискиот Исток и од Африка.
Земан смета дека Чесите може да очекуваат и прилив на имигранти од Украина, кои според него „за разлика од оние исламските имаат поголема способност за асимилација“.
Шефот на чешката држава, оценувајќи ја позитивно работата на домашната полиција во откривање на бегалците повтори дека Армијата е подготвена да постави 1.500 војници за заштита на границата од имигранти.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата