Балкан
15. September 2016 - 8:29

Земан: Бегалците ќе дојдат од Германија, не од балканскиот пат

Чешкиот претседател Милош Земан на прашањето дали се уште смета дека поради миграцијата може да биде распоредена и Армијата и кога тоа би се случило, одговори „кога ќе дојде контролираната инвазија". 

Земан, во интервју за Чешката државна телевизија, изјави дека е убеден дека илегалните мигранти, кои засега ја избегнуваат Чешка, до земјата ќе дојдат од Германија, а не од балканската рута, додавајќи дека мнозинството од нив се економски мигранти.

- Во земји како што е Сенегал, Гамбија, Брегот на слоновата коска или од Европа, како што е Албанија, каде нема никаква војна. Голем број емигранти не се никакви бегалци кои бегаат пред војна, рече Земан.

Тој предупреди пред опасноста доколку бегалците почнат масовно да ја користат Чешка како транзитна земја, дека Берлин ќе ги враќа одбиените азиланти во Прага.