Зеленски: Ситуацијата во Донбас исклучително тешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата во Донбас како „исклучително тешка“, повторувајќи ја важноста од снабдување со оружје за одбраната на земјата. „Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Сите сили што се уште ги има руската армија се однесени таму…сакаат да уништат се“, рече Зеленски. Тој повтори дека снабдувањето на Украина со тешко оружје е најдобрата инвестиција за одржување на глобалната стабилност во светот и, како што рече, „спречување на многу тешки кризи што Русија има намера да ги испровоцира“.
Претставници на украинската одбрана предупредуваат дека рускиот напад во источна Украина моментално е во најинтензивна фаза и потенцијално може да ја одреди судбината на земјата. Москва одлучи да ја интензивира офанзивата во Донбас во источна Украина, откако ги повлече силите од околината на два големи града, Киев и Харков.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија