Зеленски сака во Париз да зборува за роковите за враќање на контролата врз Донбас
На претстојната средба на „нормандската четворка“ (Русија, Германија, Франција и Украина) во Париз украинската страна планира да го постави прашањето за враќање на целата територија на Донбас под контрола на Киев. Ова денеска го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничкиот брифинг со чешкиот премиер Андреј Бабиш.
-Сакам да зборувам за враќање, деокупација на Донбас, во некакви повеќе или помалку конкретни рокови. Ќе зборувам за тоа, ќе поставувам прашања, рече Зеленски, цитиран од Тасс.
„Има сериозни прашања кои се поврзани со безбедноста, има хуманитарни прашања, социјални, има прашања поврзани со локалните избори, за можностите за кои ние треба да зборуваме откако таму (во Донбас) нема да има никакви незаконски воени формации“, забележа Зеленски.
Тој додаде дека планира да го постави и прашањето за роковите за размена на заробеници.
Украинскиот претседател подвлече дека Киев „се подготвува многу сериозно за оваа средба“ и дека сака на овие преговори да се постигнат „реални резултати“.
Средбата на врвот е планирана за 9 декември во Париз.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК