Свет
9. April 2022 - 12:31

Зеленски: Немам веќе солзи за плачење, чувствувам омраза кон Русија

По нападот на железничката станица во украински Краматорск, во кој загинаа 50 цивили, Зеленски даде интервју за „Билд“.

Новинарот го праша Зеленски како се чувствува поради инцидентот во Краматорск, по што украинскиот претседател даде јасен одговор.

„Не можам повеќе да плачам, немам солзи. Чувствувам омраза кон Русија, кон руските војници. Не можам повеќе да гледам слики со деца без нозе, раце, ова е страшно“, кажа Зеленски.