Зеленски: Многу сложени разговори со Русија за ослободување на бранителите од Азовстал
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговорите со Русија за спасување на ранетите ветерани од фабриката Азовстал во Мариупол биле многу сложени и дека Киев користи „влијателни посредници“.
Украина предложи евакуација на 38 најтешко ранети ветерани, а доколку Москва им дозволи, Киев вели дека ќе ослободи голем број руски воени заробеници.
„Во моментов се водат преговори за следната фаза од мисијата за евакуација – отстранување на тешко повредените, медицинските лица. Станува збор за голем број луѓе. Се разбира, правиме се што можеме за да ги евакуираме сите други, секој од нашите бранители. Веќе ги вклучивме сите ширум светот кои би можеле да бидат највлијателни посредници“, рече Зеленски во доцното ноќно обраќање.
Русија, која првично инсистираше бранителите да се предадат, јавно кажа малку за преговорите.
Многумина од оние кои сè уште се во фабриката се членови на Азовскиот полк, чиј заменик командант Свјатослав Паламар во петокот рече дека неговите сили ќе продолжат да пружаат отпор колку што можат.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук претходно изјави дека резултатите од разговорите „можеби нема да им се допаѓаат на сите“. – Но, наша задача е да ги евакуираме нашите момчиња. Сите. Живи“, рече Верешчук.
Ново на Сител
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени